За гурмани во кујната: Пица бурито

Ако уживате сами да си подготвувате јадења, ви го предлагаме овој рецепт за спој на мексиканска и италијанска кујна.

Количината треба сами да си ја одредите бидејкќи зависи од тоа колку сакате да направите, а полнењето можете да го појачате или намалите по желба.

Потребни состојки:

  • 3 парчиња тортиља
  • мелено месо
  • кашкавал
  • доматен сос
  • бибер
  • тако зачин
  • сол
  • маслиново масло

Подготовка:

Во тава загрејте малку маслиново масло. Додатете го меленото месо и зачинете го со сол, бибер и тако зачин. По желба може да користите и други зачини. Испржете го мешајќи повремено. 

Тортиљите пресечете ги на половинки. Секоја половинка на средината намачкајте ја со доматен сос. Над него ставете мелено месо, па рендан кашкавал. Кашкавал може да користите каков што сакате, а може и моцарела. Прво со едниот крај поклопете, па со другиот, така што ќе добиете триаголник.

Повторете ја постапката со сите парчиња тортиља и потоа наредете ги во тава така што ќе формирате круг од триаголници. Секој триаголник одозгора премачкајте го со доматен сос, а цел круг убаво покријте го со кашкавал. Поклопете и ставете на оган. Температурата регулирајте ја согласно можностите на шпоретот. Нека се прокрчка 10-ина минути, може и помалку, колку кашкавалот да се стопи.

Или следете ги постапките на видеото:

Тагови
реклама

Рецепти

За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Read more

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Read more

Колач со бел и темен крем: Најкремастиот десерт што можете да го направите

Read more

Сода бикарбоната како замена за прашок за печиво

Read more
 

Магазин

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Читај повеќе

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Читај повеќе

За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Читај повеќе

Четири нискогликемиски намирници кои поддржуваат здраво слабеење

Читај повеќе

Летото ќе промени сѐ: Хороскопски знаци кои мора да се подготват за љубовни турбуленции

Читај повеќе

Маск му донесе интернет на племе во Амазон и ги навлече на порнографија

Читај повеќе

Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Читај повеќе

Како да го забрзате метаболизмот: Многу е полесно отколку што мислите

Читај повеќе

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Читај повеќе