Дали би нурнале до океанското дно за да го видите Титаник?

Титаник потона во 1912 година откако се судри со санта мраз. Оттогаш, фасцинацијата со несреќниот патнички брод не престанува, туку само расте со текот на времето.

Научници, истражувачи и експерти со подлабок џеб следната година ќе имаат можност да ги посетат остатоците од легендарниот брод Титаник, што лежат на дното на Атлантскиот Океан.

Нуркањата ги организира OceanGate Expeditions, компанија посветена на истражување на подводниот свет. Мисиите ќе започнат на крајот на мај 2021 година и ќе се собираат слики, видеа, ласерски скенирања и податоци од сондите за да се состават основни сознанија за моменталната состојба на бродот. Оваа основа ќе се искористи за да се процени стапката на распаѓање со текот на времето и да се помогне во документирање и зачувување на историската локација.

Билетот за ова уникатно искуство чини 125.000 американски долари. Планирани се шест десетдневни мисии, а нив ќе ги овозможи подводно возило што заедно го создадоа Boeing и НАСА.

Секоја „тура“ до Титаник ќе може да прими пет лица, а потоа ќе следи нуркање до длабочина од 3.800 метри. Патниците ќе имаат поглед на длабочините низ 21-инчен кружен прозорец.

Целта на истражувањето е да се процени состојбата на Титаник и да се забележат артефактите што го опкружуваат бродот. Исто така, ќе бидат евидентирани некои од околу 300 видови животни кои живеат во остатоците од бродот.

Користејќи сонди, ласерски скенери и друга технологија, ќе се создаде детален 3Д модел на остатоците од бродот, како и големината на полето од остатоци што го опкружува.

Бродот Титаник потона ноќта на 14 април, 1912 година, на околу 740 километри од најблиското копно. Првиот брод кој дошол на помош стигнал час и половина по тонењето, долго откако последната жртва во ладниот океан веќе била мртва. Температурата на водата изнесувала 2,2 Целзиусови степени, а на толку ниска температура човек може да преживее само 15 минути во вода.

Во оваа трагедија загинаа 1.517 луѓе, а најголема шанса за преживување имале патниците од прва класа: биле спасени 63 % од нив. На „Титаник“ имало 20 чамци за спасување во кои можело да собере околу 1.100 патници, што било половина од бројот на патници на бродот таа кобна ноќ.

Повеќе факти за фамозниот брод погледнете ТУКА.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе