Мачор клептоман: Краде од соседите и дома носи од дрога до градници и гаќички

Новозеландски мачор со репутација на талентиран крадец ја довел својата навика за клептоманија на толку високо ниво што сега во својот дом носи разни предмети од дрога и пар чипкасти црни гаќички, благодарение на кои заврши и во медиумите.

Мачорот по име Кит (Keith) го започнал својот бран на злосторства пред три години кога почнал да краде градници од блиските јажиња за пружање веш, а и да носи живи јагули од локалната река Хиткот во Крајстчрч.

Сепак, неговите амбиции се зголемиле. Според сопствениците Џини и Дејвид Рамболд, во последните недели петгодишниот црн мачор донел дома бонг и торба со патент со неидентификуван бел прав. На задната ограда оставил и пар гаќички.

„Му предложив дека дијаманти и готовина би биле подобри“, изјави нејзината сопственичка Џини за веб-страницата Stuff, која беше прва што објави за криминалните склоности на Кит.

„Но, тоа досега не се случи“, додаде таа.

Семејството Рамболд оставило две полни пластични кутии пред влезната порта за да можат соседите да застанат и да ги земат сопствените работи што мачката им ги украла. Но, се покажа дека враќањето на робата малку го одвраќа Кит, кој има навика да ги краде истите работи одново и одново.

Особено сака чизми со челични прсти од локален трговец. И покрај фактот дека човекот ги оптеретил чевлите со флуоресцентни зелени тегови од 2,5 килограми, Кит сепак еден по еден ги довлечкал до дома.

Џини Рамболд вели дека локалното население повеќе се забавувало отколку што се нервирало со клептоманијата на мачорот, но неговите неодамнешни откритија го привлекле вниманието на локалните власти.

Според портпаролот на полицијата, тие биле особено загрижени за најновото откритие на Кит - алатка која се користи за пушење канабис.

„Ќе ја зеплениме алатката и ќе разговараме со Кит од каде ја набавил“, се пошегувал портпаролот на полицијата.

Поради клептоманијата мачорот сега сите го нарекуваат Keith the Thief (Крадецот Кит).

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе