Најголемиот „вонземски“ дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Енигма, најголемиот брусен дијамант од 555 карати во светот, се продаде за 3,16 милиони фунти (3,8 милиони евра) во Лондон, откако неодамна беше првпат изложен.

Се верува дека реткиот црн или карбанадо дијамант се формирал кога метеорит или астероид удрил во Земјата пред повеќе од 2,6 милијарди години.

Дијамантот од 555,55 карати достигна цена од 3,16 милиони фунти на онлајн аукција одржана од лондонската аукциска куќа Sotheby’s.

Карбонадо дијамантите обично се наоѓаат во близина на површината на Земјата, што укажува на вонземско потекло.

„Се смета дека овој специфичен тип на црн дијамант потекнува или од метеорски дождови кои произведуваат природно таложење на хемиски пареи или од вонземско потекло - од експлозии на супернова кои формирале астероиди со дијаманти кои на крајот се судриле со Земјата“, соопшти аукциската куќа.

Дијамантот е една од најтешките материи за сечење.

Неговата форма е инспирирана од блискоисточниот симбол на моќ и заштита во облик на дланка, Хамса, кој исто така се поврзува со бројот пет.

„Големината, обликот и изворот на дијамантот Енигма го прават уникатен и неверојатен“, рече Тобиас Корминд, извршен директор на Mayfair, најголемата онлајн јувелирница во Европа.

Повеќето дијаманти се сечат на една од 10-те популарни форми, но обликот Енигма наликува на рака.

Енигма не е дијамант од квалитетни скапоцени камења, а карбонадо обично не се користи во накит или се продава на аукција, но неодамна стана популарен.

Тие најчесто се користат во индустриското дупчење поради нивната исклучителна цврстина.

Sotheby’s, каде исто така прифатија понуди за плаќање со криптовалути, го нарекоа дијамантот „вселенско чудо“.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе