Netflix го објави првиот тизер трејлер со Лиам Хемсворт како Witcher.
Австралискиот актер ја презеде оваа улога откако Хенри Кавил го играше Гералт од Ривија во три сезони од серијата. Сега, конечно е објавен првиот тизер кој им дава шанса на фановите на серијата да ја видат неговата замена.
Во објавениот тизер, кој трае нешто повеќе од една минута, Гералт шета низ маглива шума или мочуриште, а на самиот крај се врти кон суштество кое звучи како едно од чудовиштата што го следеа.
Обожавателите веста за смената на главниот актер ја дознаа минатата година, а нивното незадоволство не стивнува. Откако фановите на серијата дознаа дека Хенри Кавил нема да го глуми Гералт и дека Хемсворт ќе го заземе неговото место, многумина напишаа дека за Netflix би било најдобро едноставно да ја откаже серијата со заминувањето на Кавил.
Подобри реакции немаше ниту на првиот тизер, а повеќето фанови напишаа дека Хемсворт никогаш нема да биде нивниот Гералт.
„Лиам да го играше Гералт од самиот почеток, можеби ќе го прифатевме, но Кавил е роден за улогата и никој друг не може да го игра овој лик“, напиша еден фан.
„Лиам Хемсворт е во многу непријатна позиција. Не е тој виновен што е замена за Кавил, но едноставно не го гледам во оваа улога. Хенри е буквално Гералт“, се согласи друг.
„Ова е веројатно една од најлошите одлуки што Netflix некогаш ја донеле. Жал ми е што Лиам е мета на толку голема омраза, но тој никогаш нема да биде Хенри“, пишува една обожавателка.
„Едноставно не можам да прифатам дека толку многу ја уништија серијата што го принудија Хенри да не глуми во улога што е создадена за него“, продолжуваат коментарите.
„Мислам дека нема многу луѓе да ја гледаат четвртата сезона. За нив, а и за мене, постои само еден актер кој може да биде Гералт, а тоа сигурно не е Лиам Хемсворт“, е само уште еден од коментарите на социјалните мрежи.