Новиот лаптоп на Microsoft разговара со корисникот и е 58% побрз од MacBook Air

Линијата на компјутери Copilot+ е опремена со алатки за вештачка интелигенција (ВИ) за кои не е потребна интернет конекција за извршување на операциите, бидејќи вештачката интелигенција ги извршува сите операции на самиот уред.

Microsoft ги претстави своите нови компјутери кои имаат можност за извршување на голем број генеративни процеси со ВИ – и тоа локално наместо во клауд.

Тоа значи дека новата линија на компјутери Copilot+ е опремена со ВИ алатки за кои не е потребна интернет конекција за извршување на операциите, бидејќи ВИ ги извршува сите операции директно на уредот.

Новиот хардвер ја користи технологијата GPT-40 на OpenAI, која има за цел да го претвори ChatGPT во дигитален личен асистент способен да води разговор во реално време со корисникот, како и да комуницира преку текст и „вид“, пишува CNN.

Последново имплицира дека вештачката интелигенција може да гледа и чита фотографии, слики од екранот, документи или табели и да разговара со корисниците за нивната содржина. Исто така, може да препорача одговори на дојдовните пораки или да предложи промена на одредени поставки.

Remote video URL

Од Copilot+ функциите на новите компјутери, Microsoft во преден план се издвојува со Recall, кој им помага на корисниците веднаш да ја пронајдат потребната содржина користејќи барања со природен јазик. Оваа алатка исто така пребарува е-пошта, документи и разговори.

Copilot+ е 58% побрз од MacBook Air

Copilot+ компјутерите ќе имаат NPU (Neural Processing Unit) процесори од најмалку 40 ТОП, односно способни да вршат трилион операции во секунда, за што им требаат и 16 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија.

Qualcomm, чии Snapdragon процесори ќе работат со Copilot+, е задолжен за напредни чипови способни да извршуваат ВИ функции без голема потрошувачка на батерија, пренесува CNBC.

И редизајнираната апликација Copilot+ може да се користи како посебно поле на страната на екранот, посебен прозорец или може да се прегледа на цел екран.

Microsoft тврди дека компјутерите Copilot+ се дури 58% побрзи од лаптопот MacBook Air на Apple со М3 чип и дека ќе можат локално да работат десетици мултимодални модели на мали јазични модели, наведува Engadget.

Новите компјутери Copilot+ ќе им бидат достапни на клиентите почнувајќи од следниот месец, а Microsoft веќе почна да прифаќа нарачки однапред. Почетната цена на основниот модел е 999 долари.

Тагови
реклама

Хардвер

Водич за паметен шопинг: Како да одберете нов лаптоп?

Read more

Huawei го претстави супертенкиот лаптоп MateBook Fold

Read more

Qualcomm го избра Samsung

Read more

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Read more
 

Гик

  • filter

Ултратенкиот Motorola Edge 70 е достоен ривал на iPhone Air

Читај повеќе

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Google го интегрираше Gemini во Google Maps

Читај повеќе
  • filter

Ханле е село каде што ѕвездите се на дофат

Читај повеќе

Запознајте ја планетата TOI-1452 b - бесконечен океански свет

Читај повеќе
  • filter

Новата железничка рута воодушевува: 1.400 километри низ најубавите предели во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Toyota претстави „столица што оди“ на саемот во Токио

Читај повеќе

Гејмерите сега можат да стримуваат PS5 игрици преку cloud на PlayStation Portal

Читај повеќе
  • play_arrow

Avenga Academy со стручност и посветеност ги издигнува своите студенти

Читај повеќе